Бијонсе го прекина концертот за да ѝ оддаде почит на Тина Тарнер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Легендарната Тина Тарнер почина на 24 мај на 83-годишна возраст.

Оваа вест ги растажи нејзините многубројни обожаватели, но и нејзините колеги.

Така, Бијонсе ѝ оддаде почит на Тина на нејзиниот концерт во Париз во петокот и рече дека без „кралицата на рокот“ би ја немало и неа.

Имено, таа за момент го прекина настапот и се потсети на наградата Греми во 2008 година, кога на сцената со Тина го изведе нејзиниот хит „Proud Mary“.

„Сакам само да одвојам секунда и да ѝ оддадам почит на Тина Тарнер. Ако сте мој обожавател, вие сте обожавател и на Тина Тарнер, бидејќи јас не би била на оваа сцена без неа, па сакам да се огласите за таа да ја почувствува вашата љубов“, рече Бијонсе.

Слични содржини