Денеска повторно се слушнале експлозии во центарот на украинската престолнина Киев, по новото предупредување за воздушна опасност.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека дошло до експлозии во центарот на Киев и ги повика жителите да останат во засолништа, пренесува „Ројтерс“.
Русија рано утринава започна нов бран воздушни напади врз Киев со помош на дронови и крстаречки ракети.