Бектеши уверува дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја

од Nikola Popovski
284 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска увери дека граѓаните нема да плаќаат поскапа струја.

-Во текот на јуни ќе седнеме и ќе разговараме за новиот модел. Јас можам од денеска да им кажам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, сите заедничките ќе го формираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена од постоечката од 1-ви јули до крајот на годината, кажа Бектеши на брифинг со новинарите.

Тој повтори дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за електрична енергија од ова што е претходно.

-Ќе плаќаат помалку од тоа што го имаме. Како ќе биде моделот, ќе разговараме и ќе седнеме. РКЕ веќе направиле одредени анализи. Целта на Владата е граѓаните да немаат поголеми трошоци за електрична енергија и за други енергенси, додаде министерот за економија.

Слични содржини