Се породи Анѓелка Прпиќ, откриен полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Актерката Анѓелка Прпиќ го доби првото дете со новиот партнер, а стана мајка по втор пат. Таа има син од првиот брак.

Анѓелка се породила во Белград и како што пренесе „Мондо.рс“ родила девојче!

Таа веќе подолго време е вљубена во партнерот Марко со кој започна емотивна врска по разводот од сопругот Дарио Прпиќ со кој има син.

Ова им е прво заедничко дете, а Анѓелка стана мајка по втор пат.

Својата врска ја криеја од јавноста неколку месеци, но парот се познавал долго време, бидејќи Марко е кум на поранешниот сопруг на Анѓелка и тие се познаваат уште од училишните денови.

Слични содржини