Спасовски не открива дали би се кандидирал за претседател на државата

од Nikola Popovski
219 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше запрашан од новинарите дали би се кандидирал за нов претседател на државата, на што одговори дека тоа е политичко прашање.

-Партиските и политичките работи ќе ги оставиме за партијата. За сите политички прашања ќе разговараме таму каде што е местото. Денес сме овде заради интересот на лицата со посебни потреби, глувите, наглувите, за проектите што ги имаат, за поддршката од институциите и за мене е поважно да работиме секој ден во интерес на граѓаните и да помогнеме на категорија граѓани, истакна Спасовски за тоа дали размислува да го наследи претседателот Стево Пендаровски.

Министерот беше присутен на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви”, во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

Слични содржини