298
Кина денеска испрати тројца астронаути на својата целосно оперативна станица како дел од ротација на екипажот, во петтата човечка мисија на кинеската вселенска станица од 2021 година, соопштија кинеските државни медиуми.
Вселенското летало „Шенжу-16“ или „божествен брод“ и тројца астронаути беа испратени во вселената со помош на ракета Long March-2F од центарот за лансирање Jiuquan во пустината Гоби во северозападна Кина, објави „Ројтерс“.
Астронаутите од „Шенжу-16“ ќе го заменат тричлениот екипаж од „Шенжу-15“, кој пристигна на вселенската станица кон крајот на ноември.