Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека се исполнети сите предуслови за да останат цените на исто ниво.
-Сите претходни услови кои беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема. Струјата не е на цената на која што беше, цената на суровини е намалена на светските берзи. Тие кои што произведуваат и тргуваат имаат услови реално да ги задржат намалените цени, дури и одат надолу. Видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури и за 40% од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат. Ние минатата недела имавме состанок со Стопанската комора. Убедувањето е дека нема да има големи осцилации и наплив во зголемување на цени. Сепак сме спремни ако тоа се случи и ќе реагираме, но сметам дека нема услови за тоа, рече Битиќи на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023, во однос на најавеното одмрзнување на цените на овошјето и зеленчукот од 1-ви јуни.