193
Украина денеска објави дека соборила 29 дронови од вкупно 31 руско беспилотно летало, главно над Киев и неговата околина.
Тоа беше трет руски воздушен напад врз главниот град на Украина во последните три дена, а градоначалникот на Киев рано утринава објави дека најмалку едно лице загинало.
„Од 23:30 до 4:30 часот, руските окупаторски трупи ја нападнаа Украина со 31 беспилотно летало Шахед-136/131 од иранско производство, од кои 29 беа соборени, речиси сите во околината на главниот град и на небото над Киев“, соопшти украинското воздухопловство на Телеграм.
Сирените за тревога ноќеска се огласија во Киев, но и во централните и јужните делови на Украина.