Дискутираме со таксистот за ситуацијата во земјата. Не е пресреќен со развојот на настаните, со атмосферата, со бавниот тек на реформите. Јасно му е сѐ. Се движи низ сообраќајот и низ своите мисли со леснотија, како олимписка клизачица на рутински тренинг. Покажува извонредна способност за смирена, и не помалку духовита, дискусија на различни теми.
Центар на град е, велам, нормално е да има згради, други работи не се нормални. Во секој случај, не е нормално да се градат згради на Водно, вели тој, цел град направија таму. И зошто уште се гради толку многу кога толку згради зјаат празни, реторички прашува тој. Се согласувам со него. Заеднички доаѓаме до заклучок дека бизнисот со станови никогаш не бил чист. Онака, како во симултанка, да ги поставиме фигурите за потешки потези во муабетот.
Времето со луѓе како овој таксист е вистински кратко, се мери во минути и секунди, а ставовите што се разгледуваат, по својата тежина и комплексноста, далеку ја надминуваат вредноста на скапо платените истражувања од рекетарските медиуми и невладини фолиранти.
Разговараме за тоа колку лесно им веруваат луѓето на лагите.
„Би ја прочитал новата книга од Груевски, вели, баш ме интересира. И Мајн Кампф ја имам прочитано, па не станав фашист!
Маестрална паралела! Браво. Треба ли посебно да се објаснува што содржи оваа мисла?
Целата колумна на следниот линк!