Методот на „пет работи“ го олеснува чистењето на домот!

од desk4
293 прегледи
Чистењето на домот, освен за ретки исклучоци не е баш забавна задача. Затоа, постои методот на чистење со „пет работи“ кој ќе ви овозможи да го разделите чистењето на пет компоненти, кои ќе ги правите една по една. Крајниот резултат е чист дом.

Методот на „пет работи“ всушност претставува разграничување на нередот во пет различни категории: ѓубре, садови, алишта, орелдмети што имаат место и предмети што немаат.

Ѓубре:

Првиот чекор во методот „пет работи“ е да почнете ги соберате шишињата, искористени хартиени крпи, документи добиени по пошта со изминат рок, платени сметки и слично.

Облека и чевли:

Следниот чекор е да ја соберете расфрланата облека и да ја вратите на нивното соодветно место. Валканите парчиња ставете ги во бањата за да можете подоцна да ги исперете.

Садови:
 
Поминете низ сите соби и однесете ги насобраните садови во мијалникот. Не мора веднаш да ги миете садовите бидејќи акцентот е ставен на воведување ред во домот.
Предмети кои имаат свое место:
Соберете ги предметите расфрлани по подот, каучот, масата и слични места, и вратете ги на свое место. На пример, ставете ги детските играчки или  играчките на миленичињата во соодветните кутии, вратете го далечинскиот управувач на масичката во дневната соба, наредете ги ќебињата на софата и порамнете ги украсните перници.

 

Предмети кои немаат свое место:

И кога сè ќе вратите на своето место, големи се шансите да најдете предмети со кои не сте сигурни што да правите. Нив ставете ги во еден куп, а потоа еден по еден складирајте ги каде што сакате да ги чувате. При тоа направете проценка, дали воопшто вреди да се складираат или пак, местото им е за во ѓубре.

Со методот „Пет нешта“, плус со дополнително чистење со правосмукалка и со бришење на прашина, во вашиот дом сè ќе биде на свое место.

Слични содржини