Кадиров: Добивме наредба за офанзива, ќе видите што значи одмазда

од Stefanija Kuzmanovska
646 прегледи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави дека му е наредено да ги прераспореди своите сили во Народната Република Доњецк (ДНР) во источна Украина.

„Пријатели, чеченските единици добија нова наредба да ги прераспределат своите сили. Територијата на Народна Република Доњецк станува зона на одговорност“, напиша Кадиров. „Според наредбата, борците на чеченските единици мора да започнат активни борбени операции и да ослободат голем број населени места. Борбените единици се подготвуваат за јуришни активности со активна поддршка на министерството за одбрана и Главниот штаб на руските вооружени сили“, објави тој.

Кадиров рече дека „слични наредби за започнување на офанзива“ добиле и други единици на неговиот баталјон Ахмат, кои се наоѓаат на „алтернативните делови од контактната линија меѓу регионите Запорожје и Херсон“.

„Ќе им покажеме што значи одмазда“

Кадиров го коментираше и нападот со дронови во Москва.

„Неопходно е да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства за да се исчисти целата терористичка ќелија. Наместо да се користат термините украинска армија и украински политичари, треба да ги нарекуваме со нивното вистинско име – терористи“, напиша Кадиров.

„Одговорите на ваквите напади треба да бидат жестоки. Ние ги штитиме нашите граѓани. Наскоро ќе им покажеме што значи одмазда“, заклучи тој.

Слични содржини