Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит предизвика паника во Сеул

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит во раните утрински часови предизвика паника во Јужна Кореја и Јапонија, каде се огласија воздушни тревоги, но брзо беа откажани кога сомнителниот предмет паднал во морето.

Севернокорејската државна новинска агенција KCNA објави дека сателитот кој носел нуклеарно оружје се урнал поради нестабилност во моторот и неисправно снабдување со гориво.

Жителите на Сеул имаа непријатно будење бидејќи во 6:32 часот по локално време се огласија сирените со предупредување за можна евакуација. Сепак, само 10 минути подоцна тревогата била прекината, а властите тврдат дека била огласена по грешка.

Аларм беше издаден и до јужната јапонска префектура Окинава, но набрзо се виде дека ракетата не може да стигне до јапонска територија, па и таа тревога беше укината.

Северна Кореја претходно ги извести меѓународните власти дека ќе лансира ракета кон југ, а се очекува остатоци да паднат во Жолтото Море и Тихиот Океан.

Слични содржини