Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера од говорницата во Советот на градот повторно се соочи со низа обвинувања и критики од страна на советниците. На ова таа возрати со директна порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Рекет број еден пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски. Точка, кажа Арсовска.
На ова претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески рече дека „пред Новак Ѓоковиќ има двајца и тој е трет на АТП-листата“.
Арсовска му врати на Славески дека зборува за нашите простори.
-Во нашите простори најсакан е Ѓоковиќ, но за жал тој е само на второ место после Мицкоски. Мицковизмот си заминува во историјата. Не квалификувајте, знаат граѓаните која е најкриминалната партија во земјава. И тие што не знаеле, дознале, порача Арсовска на вчерашната седница на Советот на Град Скопје, обраќајќи се до советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.