Доколку сте фан на серијата „Еуфорија“ и со нетрпение ја чекате третата сезона, сосема е извесно дека на ова достигнување ќе треба да чекате уште некое време, најмалку две години.
Втората сезона заврши со емитување на почетокот на 2022 година, оставајќи ги фановите во неизвесност за следниот дел, но снимањето на третата сезона наводно е одложено поради повеќе причини.
На прво место, снимањето не беше закажано порано поради штрајкот на сценаристите, на кој се приклучи и Сем Левинсон. Беше ангажиран и на снимањето на серијата „Идол“, која неодамна беше претставена на Канскиот филмски фестивал, па Сем немаше време да се посвети на сценариото за „Еуфорија“.
Друга причина е една од главните актерки Зендаја. Распоредот ѝ е преполн и презафатена со други снимања, па се мора да се организира според неа.
Поради сето ова третата сезона е закажана најрано за 2025 година.