218
Рентген снимки ќе се читаат и онлајн, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.
– Во одреден град ако има доктор што чита дневно еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да си ја изработи платата, колку треба да прочита, над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго, појасни министерот, одговарајќи на новинарско прашање.