Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата, како и унапредувањето на соработката со земјите – партнери.

Воедно, министрите ќе се осврнат на финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули, во Вилнус.

Слични содржини