Курти: Оние што зборуваат за санкции треба подлабоко да размислат

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

„Оние кои зборуваат за санкции можеби треба подлабоко да размислат“, е пораката на косовскиот премиер Албин Курти на досега невидената серија на упорни и силни критики и предупредувања кои доаѓаат од меѓународната заедница и САД откако косовските власти преку специјалните единици на косовската полиција, и покрај противењето на локалното население и западните партнери, ги окупираа општинските згради на северот на Косово и ги доведоа на работа новоизбраните градоначалници.

Курти ова го изјави во интервју за „Фајненшл тајмс“ во Братислава, со кое се пофали синоќа. Тој рече дека е задоволен што зборува непосредно откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го откри планот за Западен Балкан да пристапи кон единствениот пазар на глобалната безбедносна конференција, пренесува „KoSSevЕ.

„Србија не воведе санкции кон Руската Федерација и ја финансира фашистичката милиција во северниот дел на мојата земја, па можеби тие треба да добијат санкции“, ги повторил Курти уште еднаш обвинувањата кон Србија.

Косово веќе ја доби првата санкција – му беше откажано учеството на вежбите „Defender Europe 2023“. Курти и Османи пред неполни десет дена на церемонија во Приштина официјално ја започнаа оваа вежба со партнерите од НАТО и со амбасадорот на САД.

Сега амбасадорот Ховениер јасно го означи косовскиот премиер како причина за актуелната криза, јасно ставајќи до знаење дека постои нарушување во односите со САД.

Слични содржини