Вучиќ: Утрово ги молев Србите од северот на Косово да истраат во борбата – на мирен начин

од Stefanija Kuzmanovska
612 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за „Танјуг“ изјави дека утринава разговарал со Србите од северот на Косово и ги замолил да истраат во борбата за право и правда, како и тоа да го направат пред се на мирен начин во однос кон КФОР.

„Како што тоа се правеше вчера и завчера, за нас е важно да продолжиме да се обидуваме да им дадеме на некои луѓе до знаење дека 3,4 проценти не се легитимни избори и дека не ја наметнуваат својата волја на сила и не воведуваат специјални полициски сили и не го малтретираат и не го прогонуваат српскиот народ“, рече Вучиќ.

Тој рече дека денеска ќе има средби и со Шолц и Макрон, како и со многу други премиери и претседатели.

Слични содржини