На ретко виден јавен собир во Вашингтон, панел од експерти избрани од НАСА да го проучуваат чувствителното прашање на НЛО, во средата повторија дека треба да се соберат повеќе информации за да се објаснат тие феномени.
„Постоечките податоци и изјавите на очевидците не се доволни за да обезбедат убедливи докази за природата и потеклото на одреден настан“, рече Дејвид Спергел, астрофизичар кој претседаваше со панелот. „Ни требаат висококвалитетни податоци“.
Тие најавија објавување на извештај за летово, во кој ќе се опише како да се постигне тоа.
НАСА го најави почетокот на истражувањето минатата година и во октомври назначи најмалку 16 експерти за оваа намена. Меѓу нив се истакнати научници, како и лидерите на американскиот регулатор за цивилна авијација (FAA) и поранешниот астронаут Скот Кели.
Video footage shared by NASA today during a meeting on UFOs shows an unidentified spherical object flying.
Military officials said they have been unable to explain what the object is. pic.twitter.com/yXQs7N4lRz
— Clash Report (@clashreport) May 31, 2023
Нивната задача не е да пребројат „неидентификувани аномални појави“ – како што официјално се нарекуваат – за да објаснат одредени настани забележани досега, туку да ѝ дадат препораки на НАСА како да ѝ пристапат на темата во иднина.
Досега се забележани околу осумстотини необјаснети феномени во воздухот, изјави во средата Шон Киркпатрик, директор на канцеларијата што се занимава со ова прашање во рамките на министерството за одбрана.
Но, „можеби 2 до 5 отсто“ од нив „се навистина анормални“, рече тој.
Темата е многу сериозна, истакна во средата НАСА, бидејќи истовремено се однесува на националната безбедност и воздушниот сообраќај.
Но, постои и голем јавен интерес поради поимот неидентификуван летечки објект (НЛО) кој ја скокотка фантазијата.
NASA is set to hold a historic meeting on UFOs today. pic.twitter.com/ysagz9eKPH
— CNN International (@cnni) May 31, 2023
„Во овој момент немаме јасни докази за поврзаност помеѓу необјаснети аномални појави и вонземски живот“, изјави Дејвид Гринспун, член на експертската комисија.
Состанокот, кој траеше неколку часа, во средата беше директно емитуван на Интернет, а еден дел беше посветен на прашања од јавноста кои беа однапред испратени преку Интернет.
Транспарентноста е многу потребна, истакнува американската вселенска агенција, за да се „отстрани стигмата“ од таа тема.