Може ли мирисот да привлече маж кој ви се допаѓа? Јасниот одговор е: ДА!
Одредени мириси делуваат како афродизијаци, ги будат сите сетила и ја разгоруваат фантазијата, а тоа можете да го дознаете на профилот на Schoolboy’s Scents на TikTok.
Момче, кое се претставува како експерт за парфеми, откри какви мириси мажите едноставно сакаат да почувствуваат на жените, пренесува Story.hr.
Мажите не обрнуваат внимание само на изгледот на жената, туку пред сè на нејзиниот мирис – и тоа многу интуитивно. Значи, дали нашиот избор на мириси може да помогне да го привлечеме спротивниот пол? Јасниот одговор е: ДА!
Доколку барате нов парфем за оваа сезона и сакате да го привлечете вниманието на мажите, откријте три парфеми кои секогаш се добар избор според овој „експерт“ за парфеми:
YSL Libre
Топол и елегантен мирис кој содржи ноти на јасмин, цвет од портокал и слатка лаванда и е идеален за оние посебни, елегантни прилики каде што сакаме да ја покажеме нашата најдобра верзија. Парфемот е наменет за силни и самоуверени жени кои силно мирисаат во согласност со нивниот карактер.
Tom Ford Lost Cherry
Ова е овошен и сладок мирис со ноти на црна цреша, горчлив бадем и ликер.
Xerjoff Lira
Lira со гурмански вибрации на карамела, цитруси и освежителна лаванда погодна за романтичен состанок.