Во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити.
Тој на денешната прес-конференција во клиниката ТОУРИЛУЦ запрашан за случајот со детето Мемет Камбер рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај.
– Службите проверија, нема ништо такво пријавено во Министерството за здравство. Не знам сега дали треба во Министерството за труд и социјална политика да се провери. Во нашето Министерство нема пријавено ништо за таков случај и службите ме известија со тоа само што го слушнавме од медиумите, изјави министерот.
Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“,почина на 19-годишна возраст на КАРИЛ, тој немал можност да прави здравствени прегледи, бидјеќи немал документи за лична идентификација.