Rimac Nevera на „Ринг“, почнаа подготовките за атак на рекордот? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Rimac Nevera во боја инспирирана од сега познатиот BMW Серија 3 E30 EV се појави на „Ринг“. Откако постави 23 рекорди на автомобилското тестирање во Папенбург (ATP), електричниот хиперавтомобил го извозе Нирбургринг.

Актуелен рекордер меѓу електричните модели е Porsche Taycan Turbo S. Брзата лимузина од Цуфенхаузен ја помина патеката за 7 минути и 33 секунди. Со оглед на неверојатните перформанси на тивкиот хиперавтомобил, Nevera не би требало да има проблем да го симне од тронот моделот кој ја водеше главната битка со Tesla Model S Plaid.

Исто така, интересно е да се забележи дека Taycan Turbo S не е најбрзото патно електрично возило што го поминало Nordschleife. Тоа е Nio EP9, му беа потребни само 6 минути и 45 секунди во мај 2017 година. Сепак, беа произведени само 16 примероци од тој модел, така што не се смета за вистински сериски автомобил.

Rimac Nevera се произведува во ограничен број од 150 примероци…

Слични содржини