Истрага на Ројтерс откри дека некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени за цели кои немаат никаква врска со еколошките цели.
Италија ги искористи тие пари за да му помогне на мал производител да отвори продавници за чоколадо и сладолед во Азија, САД го поддржаа проширувањето на луксузен хотел на брегот на Хаити, Белгија финансираше љубовен филм кој се одвива во прашумите на Амазон, а Јапонија инвестира пари во нова термоелектрана во Бангладеш и проширување на аеродромот во Египет.
Вкупната вредност на овие пет проекти е 2,43 милијарди евра, а споменатите четири земји ги сметаат за „климатски инвестиции“ кои треба да им помогнат на земјите во развој да ги намалат штетните емисии и да се прилагодат на растот на глобалната температура.