Околу 600.000 луѓе во Германија добиваат 3.000 евра од државата

од Vladimir Zorba
819 прегледи

Околу 600.000 луѓе во Германија ќе заминат во пензија и ќе добијат ослободена од данок инфлациска премија од 3.000 евра, пишуваат германските медиуми.

Станува збор за пензионери од јавниот сектор.

Тие сега профитираат од колективниот договор склучен неодамна меѓу работодавачите и синдикатите во јавниот сектор, пренесува магазинот „Феникс“.

Договорено е зголемување на платите за 5,5 отсто од 1 март 2024 година. Дотогаш постепено ќе се плаќа неданочна инфлациска премија од 3.000 евра. Оваа регулатива важи и за општинските службеници.

Во тек е изработка на предлог-закон за системски компатибилен пренос на резултатите од колективните преговори од 22 април 2023 година на државните службеници, судиите, војниците и примателите на пензија“, соопшти одговорното министерство за германските медиуми.

Во првиот круг најверојатно ќе бидат исплатени 1.240 евра

Според колективниот договор првата рата од 1.240 евра треба да се плати во јуни. Се уште се преговара за чекорите во кои ќе се исплати остатокот до 3.000 евра.

Факт е дека пензионерите, кои и онака во просек финансиски се подобри од просечниот пензионер, и сега добиваат посебни надоместоци ослободени од данок. Германските медиуми наведуваат дека оваа мерка некому може да изгледа неправедна.

Иако пензиите сега ќе бидат зголемени и во јули, усогласувањето со порастот од 4,39 проценти (Запад) и 5,86 проценти (Исток) не го компензира дополнителното оптоварување предизвикано од инфлацијата.

Во април инфлацијата беше високи 7,2 отсто, пренесува порталот.

Слични содржини