Украина не запира со нападите на руска територија: Две лица загинаа во гранатирање на Белгород

од Nikola Popovski
789 прегледи

Две лица загинаа денеска, а две се повредени во ракетен напад врз руската област Белгород, што го извршија вооружените сили на Украина, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Тој на својот канал на Телеграм наведе дека населбите во областа Шебекин од утрово се изложени на гранатирање.

Според него, загинала една постара жена во Нова Таволжанка, додека уште еден цивил е убиен во Безљудовка, пренесува „Известија“.

Од крајот на мај зачестено е гранатирањето на пограничната област Белгород од територијата на Украина.

Слични содржини