Кристијан Бејл стана православен христијанин

од Nikola Popovski
440 прегледи

Познатиот холивудски актер Кристијан Бејл ја променил верата и преминал во православие кога се оженил со манекенката со српско потекло Сандра Блажиќ.

Медиумите на големо пишуваа за тоа како мајката и сестрата на Кристијан биле против оваа врска, што не го натерало актерот да се откаже од љубовта. Згора на тоа, тој наводно ги прекинал контактите со мајка му и сестра си и цврсто одлучил неговите деца да го знаат и српскиот јазик, пренесува „N portal“.

Сандра Блажиќ е четири години постара од Кристијан, а нејзиното семејство емигрирало во Америка од Југославија во тоа време во 1960-тите.

– Сè во мојот живот ѝ должам на неа. Таа е посебна и силна жена, изјавил Бејл во едно интервју.

Приказната за тоа како се запознале актерот и неговата сопруга наликува на сценарио на холивудска романтична комедија.

Ментор на Кристијан по доаѓањето во Холивуд била Винона Рајдер, која му помогна да добие улога во филмот „Малата жена“ од 1994 година во кој таа ја играше главната улога. Се зборува дека Бејл се обидел на секој начин да ја заведе Винона, но таа го одбила неговото додворување, а тој нашол утеха во актерката Саманта Матис. Сепак, Винона и Кристијан останале добри пријатели, а во доцните деведесетти, на една од забавите на Рајдер, Бејл се сретнал со нејзината лична асистентка, Сандра Блажиќ, која ѝ помогнала на Винона на снимањето на филмовите „Girl, Interrupted“ и „Autumn in New York “.

Сандра и Кристијан имаат две деца, ќерката Емелин и синот Џозеф.

Слични содржини