Курти: Градоначалниците се во своите канцеларии и така треба да остане

од Nikola Popovski
241 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти денеска повторил дека општинските згради на северот на Косово се места каде што треба да работат градоначалниците, пренесува „Politiko.al“.

Курти во утринската програма на Би-Би-Си зборувал за ситуацијата на северот на Косово и прашал кој треба да биде во тие објекти доколку тоа не се избраните градоначалници.

„Градоначалниците се во своите канцеларии и така треба да остане“, рекол Курти.

За барањата на САД и ЕУ за повлекување на припадниците на косовската полиција од општинските згради, тој истакнал дека оваа точка може да се преиспита.

„Можеме да размислиме за отстранување на косовската полиција од овие згради, но прво насилните криминални групи кои нападнаа и повредија новинари, нашите полицајци и војници на НАТО мора да се вратат во Србија или да одат во затвор“, рекол тој.

Тој додал дека не може да прави компромиси кога станува збор за „демократско Косово“.

„Тој не може да направи компромис во однос на демократската република, бидејќи јас сум премиер на најдемократската земја на Западен Балкан, со најпрофесионална полиција, која е ориентирана кон Запад“, вели Курти.

Запрашан за можноста за одржување на вонредни избори, Курти рекол дека е подготвен да ги слушне предлозите за ново гласање, но само откако ќе се воспостави владеење на правото на северот на Косово.

За ситуацијата на северот и острите изјави од САД и ЕУ, Курти посочил дека Вашингтон и Брисел се несомнени сојузници на Косово.

„Сметаме дека САД, ЕУ, Велика Британија се неспорни сојузници и пријатели и сме им многу благодарни за нашата слобода и независност и за развојот на демократијата. Сепак, не можеме да ја предадеме нашата република на фашистичката полиција платена од изјавил автократот во Белград, кој некогаш бил министер на Милошевиќ“, навел Курти.

Слични содржини