193
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, јавува УХМР со денешната временска прогноза. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 16 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.