Меџити го разреши директорот на Кардиохирургија

од Nikola Popovski
287 прегледи

Првиот човек во здравството, Фатмир Меџити денеска информира дека го разрешил директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев.

-Јас како министер и мојот Кабинет нема да дозволиме директори кои седат и спијат по 5 и 10 години и немаат никакви резултати. Затоа здравството е во ваква амортизирана состојба. Ќе постапувам секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето. Ова е само почеток, со мене како министер ќе видите понатаму со мене како министер нема некој да седи шест месеци и да нема извештај за сработеното. Ако нема сработено, ќе биде отпуштен, рече Меџити денеска како одговор на новинарско прашање.

Според министерот, д-р Јовев е кадар на коалицискиот партнер СДСМ и тие ќе предложат друго име.

-Ова се транзициски позиции и нема овде никој бесмртен да биде, ниту јас, ниту директорите, кажа Меџити при промоцијата на е-услуга за регистрација на новороденче.

-Има нерегуларности. Службите ќе ви кажат точно што не е како што треба. Никој не е вечен, повтори министерот за здравство.

Јовев е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија.

Слични содржини