323
Состојки:
– 30 гр овесни снегулки
– едно јаболко
– една банана
– цимет
– мед
Подготовка:
Оставете ги снегулките во топла вода околу 10 минути да омекнат. За тоа време изрендајте едно јаболко и исечете ја бананата на ситни парчиња. Овесните снегулки кои претходно сте ги исцедиле од водата измешајте ги со јаболкото и бананата.
Додадете цимет и мед по потреба. Може да се направи и без мед, за оние кои се на диета.
Овој појадок може да се комбинира со суво грозје или друго овошје.