320
Министерството за внатрешни работи извести дека утрово бил пронајден мртов затвореник во затворот „Идризово“.
-На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, информираат од полицијата.
Доктор од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.