Папата Франциск примен во болница, ќе биде опериран

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск е примен во болница, а како што соопшти Ватикан, на папата ќе му биде извршена операција.

Станува збор за операција на цревата.

Како што наведоа, папата ќе биде опериран под тотална анестезија и ќе остане во болница неколку дена.

Веста за операцијата дојде еден ден откако папата беше подложен на тестови во болница во Рим.

Слични содржини