Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска на прес-конференција изјави дека очекува да има 80 пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени и додаде дека имаат контакти со сите партии, но не со некои поедини пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако не се донесат уставните измени и се дозволи Албанија да се одвои и сама да ги продолжи преговорите, ќе влеземе во изолација како во 2008 година, а потоа ќе треба да направиме потешки отстапки за да го продолжиме евроинтегративниот процес, како што беше со името за да влеземе во НАТО, истакна Таравари на брифинг со медиумите по повод 100 дена од влезот на АА во Владата.
Истакна дека сите одлуки на политичарите во земјава треба да се носат имајќи ги во предвид потребите и барањата на младите затоа што, како што рече, тие се нашата иднина.