Шпанија ја бележи најтоплата пролет во историјата, а се очекува екстремно топло лето

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Оваа година Шпанија ја забележа најтоплата пролет во историјата и втора најсушна досега, објави денеска националната метеоролошка агенција.

Најновите податоци укажуваат на продолжување на екстремно високите температури кои беа присутни во текот на 2022 година, која беше најтоплата година досега забележана во Шпанија, пренесува АП.

Пролетните горештини беа придружени со недостиг од дожд, што ќе ја влоши долгорочната суша во Шпанија и покрај врнежите забележани во текот на изминатиот месец, соопшти метеоролошката служба.

Слични содржини