Мајк Пенс официјално ја започна својата кампања за претседател на САД

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Мајк Пенс, потпретседателот на САД во администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, денеска официјално ја започна својата кампања за претседател на Соединетите Американски Држави.

„Секогаш ќе бидам горд на напредокот што го постигнавме заедно за посилна и попросперитетна Америка“, рече Пенс во видеото во кое го критикува актуелниот претседател Џо Бајден, притоа не спомнувајќи го Трамп, пренесува „Ројтерс“.

За време на предизборниот клип тој укажа на ризикот од инфлација, имиграција и рецесија, како и дека „непријателите на слободата маршираат низ светот“, алудирајќи на претседателите на Русија и Кина.

Слични содржини