213
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува нестабилно со пороен дожд и грмежи, известија од УХМР.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Температурата ќе достигне до 29 степени.