Федералното обвинителство ги известило адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека отворило истрага за неговото ракување со доверливи материјали, изјави за „Ројтерс“ лице запознаено со случајот.
Министерството за правда обично ги информира луѓето кога се под истрага за да им даде можност да презентираат свои докази, наведува британската агенција.
Известувањето што адвокатите на Трамп го добија во понеделникот не мора да значи дека поранешниот американски претседател ќе биде обвинет.