НСДП поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Влада откако ќе се изгласа потребата од измени на Уставот

од Nikola Popovski
259 прегледи

НСДП го поздравува одржувањето на лидерската средба во насока на политичкото обединување. Од партијата велат дека го поздравуваат и прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени и за кој процес сметаат дека треба веднаш да се започне во Собранието.

-НСДП е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес-членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени.

За НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, тие се гарантирани од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД.

Повикуваме на државнички пристап од сите политички актери, на разум и да не дозволиме државата да стагнира, туку да бидеме одговорни и да го препознаеме политичкиот моментум за да исчекориме кон прогрес, реформи и општествен напредок кој го очекуваат граѓаните, стои во партиското соопштение.

Слични содржини