Полицијата му влезе дома: Пензионер фатен со пушка и муниција

од Nikola Popovski
207 прегледи

Пензионер дома бил фатен со воздушна пушка и муниција, известија од МВР.

На 08.06.2023 во 08.00 часот во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.Н.(68) од с.Ташмаруништа. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини