Здружението за психолошка наука во своето соопштение вели дека постои врска помеѓу пркосот и кршењето на правилата во адолесценцијата и високата заработка подоцна во животот. Дали е можно немирните деца да се всушност мали генијалци? Еве за што се работи.
Земете го на пример Бил Гејтс – кога имал 11 години, почнал да им прави проблеми на родителите. Како што растел неговиот интелектуален капацитет, така растеа и неговите аргументи за се. Тој одбил да ги прави работите што мајка му ги барала, како што се чистење на собата или доаѓање на вечера, пишува The Wall Street Journal. Тој бил во расправија со неговите родители за тоа кој има контрола. Адолесцентното однесување на Гејтс можеби изгледа како ништо страшно – многумина од нас поминале низ слична бунтовничка фаза без да станат мултимилионери. Сепак…
Ако се вратиме во 1968 година, речиси 3.000 основци од Луксембург направија тест за интелигенција и дадоа одговори за нивните чувства за училиштето. Нивните наставници пополниле и прашалник за однесувањето на нивните ученици. Подоцна, истражувачите го процениле и семејството на студентот.
Потоа, во 2008 година, истражувачите се вратија на податоците за да видат кои особини од детството може да го предвидат успехот во кариерата и заработката. Тие успеале да стапат во контакт со 745 студенти, кои тогаш имале 52 години. Психолозите беа изненадени од резултатите. Имено, освен стандардните карактеристики – коефициентот на интелигенција, социо-економскиот статус на родителите и постигнатото образование, она што исто така предвидуваше висока заработка беше кршењето на правилата и пркосното однесување кон авторитетот.
Сè уште не е јасно зошто кршењето на правилата се покажало како позитивна карактеристика. Истражувачите велат дека е можно таквите луѓе да се посклони да се залагаат за себе, што може да доведе до подобра финансиска состојба.
„Доколку 90 отсто од оние кои се на деловната средба гласаат за еден од предлозите, јас ќе го отфрлам. Причината е многу едноставна: ако сите присутни гледаат можност во идејата, тогаш има големи шанси разни други компании веќе да работат на истата идеја и ние нема да можеме да го трасираме нашиот пат на тоа поле“, вели Џек Ма, основачот на Alibaba.
Во меѓувреме, други студии покажаа слични наоди: Едно истражување покажа дека оние кои се согласуваат со речиси сè заработуваат помалку пари од оние кои често не се согласуваат со нешто. И Стив Џобс и Ингвар Кампрад (директор на Икеа) често не се согласуваа со мнозинството, што дополнително ги наведе да ризикуваат, но и да го отфрлат она што според нив не е во нивен интерес.
Се разбира, ова истражување не треба да ги охрабрува децата, да речеме, да одбијат да одат на училиште, но ако забележите низа пркос кај нив, тенденција да преиспитуваат некои правила, да се спротивставуваат и да се залагаат за себе, можеби тоа не е лоша особина. Можеби токму тоа треба да се негува кај нив.