Анкара: Експлозија во фабрика за ракети, најмалку пет лица загинаа

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во фабрика за ракети во турскиот главен град Анкара.

Ова денеска го објави блискоисточниот дневен весник на англиски јазик Arab News, а пренесува Ројтерс.

Агенцијата Анадолија јави дека Министерството за одбрана на Турција соопшти дека пет работници загинале во експлозија што се случила во фабриката за ракетни и експлозивни машини и хемиска индустрија (МКЕ) во округот Елмадаг.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека во фабрика во Анкара се случила страшна експлозија.

„Се случи експлозија во фабриката за ракети и експлозиви МКЕ во областа Елмадаг во Анкара. Во експлозијата загинаа пет работници. За случајот е покрената судска и административна истрага“, се вели во соопштението.

Слични содржини