302
На 09.06.2023 во 18.30 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(68) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 18.10 часот на ул.„Мраморец“ со закана со остри предмети од 17-годишно девојче од Скопје одзел чанта.
Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.