Познатиот актер Арнолд Шварценегер често беше главна тема на медиумите поради приватниот живот кој беше проследен со скандали.
Неодамна ја отвори душата во документарен филм и раскажа како изгледало кога ѝ соопштил на сопругата Марија дека има вонбрачно дете, а раскажал и многу други работи.
Така тој открил дека тој и неговиот брат често биле брутално малтретирани од нивниот татко откако се вратил од војна.
„Беше толку агресивен, беше тиранин. Ме тепаше мене и брат ми со каиш. Доаѓаше во три часот наутро пијан и врескаше низ дома. Се сеќавам дека моето срце чукаше како лудо бидејќи знаев дека може да ја удри нашата мајка или да не претепа во секој момент. Мислеше дека мора да создаде дисциплина во куќата, дека треба да заработиме појадок“, изјави актерот.
Како што истакна, кога се навраќа на сето тоа, верува дека татко му бил болен човек кој страдал од депресија и посттрауматско стресно растројство.
„Австрија по војната стана земја на скршени луѓе. Многу деца беа скршени од нивните родители, таков е австриско-германскиот менталитет. Скршете ја волјата на детето и натерајте го да се прилагоди. Не бев од оние деца чија волја можеше да биде скршена. Станав бунтовник. Секогаш кога добивав удар од татко ми, едвај се воздржував да не му возвратам. Само сакав да ја напуштам таа куќа, таа земја и да станам некој и нешто, да бидам богат. Тоа ми помогна да преживеам“, искрено изјави Арнолд.
Братот на актерот починал на 24-годишна возраст, а Шварценегер смета дека за тоа во голема мера е одговорно насилството кое го доживеал од неговиот татко.
„Тој беше понежен. Бруталноста која беше дома, тепањата што понекогаш ги добивавме од нашите родители, мислам дека не можеше да го издржи сето тоа. Затоа многу рано почна да пие“, рече меѓу другото во документарецот.