Актерот Алек Болдвин беше забележан во Њујорк како повторно оди со помош на бастун, откако пред две недели беше опериран за замена на колк.
Сопругата на Болдвин, Хиларија, на Инстаграм објави дека Алек бил опериран.
Актерот претходно на Инстаграм ги информираше своите фанови за здравствената состојба.
Таткото на осум деца рекол дека требало да се оперира пред најмалку две години и дека целото тоа време се шетал со куцање.
Инаку, Алек веќе имаше операција за замена на левиот колк во 2018 година, а неодамна изјави дека немал време за втората операција поради напорниот распоред.
Да потсетиме, Алек пред две години го одбележа голема трагедија кога на снимањето на филмот „Рѓа“ пукаше со револвер и ја уби режисерката Халина Хачинс.
На Болдвин наводно му било кажано дека во пиштолот немало куршуми, а потоа следеше судење на кое беше обвинет за убиство од небрежност. По две години, обвиненијата против него беа отфрлени.