386
Денвер Нагетс пред две вечери успеаја да го совладаат Мајами и така дојдоа на чекор до шампионската титула во НБА.
Иако многу познати личности се собраа во Мајами за да ги поддржат Хит во обидот да стигнат до титулата, Јокиќ и соиграчите не дозволија ниту еден момент на неизвесност. Така во публиката се најдоа Нејмар, Виничиус, Пол Погба, а посебен настап имаше и контроверзната ММА ѕвезда Конор Мек Грегор.
Мек Грегор во еден момент беше на паркетот, објави дека потпишал одредено партнерство со Мајами, па дури стигна да ја истепа маскотата на тимот.
Поради ова доби свирежи и од навивачите на Мајами.
Conor McGregor KO'd the Heat mascot 😅 #NBAFinals pic.twitter.com/IRAKzuMKp2
— SportsCenter (@SportsCenter) June 10, 2023