271
По првичниот, скромен успех на украинската контраофанзива и малиот напредок низ одбранбените линии на руските вооружени сили распоредени на првите линии, Врховната команда на украинската армија денеска соопшти дека украинските сили се вклучени во тешки борби на жаришните точки.
„Во текот на изминатиот ден се водеа околу 25 битки во близина на градот Бахмут на истокот на Украина и на југ кај Авдијивка и Мариинка, сите во регионот на Доњецк, како и кај Билохоривка во областа Луганск“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува „Ројтерс“.
Украина во неделата соопшти дека нејзините трупи напредувале во три села во Доњецк: Благодатне, Нескучне и Макаривка, но овие тврдења не можеле да бидат независно проверени и потврдени.