Пленковиќ: За 10 години ќе ги стигнеме земјите кои пред нас влегоа во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

За десет години Хрватска ќе ги стигне земјите од ЕУ кои беа примени во Унијата пред неа, изјави во понеделникот премиерот на земјата, Андреј Пленковиќ.

Учествуваше на меѓународната конференција „Следната деценија на европската интеграција“, која е во организација на Правниот факултет во Загреб, а се одржува во Загреб во соработка со Претставништвото на Европската комисија во Хрватска.

Поводот е претстојната десетгодишнина од членството на Хрватска во ЕУ. Пленковиќ рече дека хрватскиот процес за пристапување во ЕУ бил многу потежок отколку што тоа го перцепира дел од јавноста.

Премиерот рече дека од почетокот на милениумот, Хрватска е во процес на фаќање чекор со оние членки кои го започнаа процесот на интеграција на крајот на 1980-тите.

„На крајот на следните десет години Хрватска ќе успее во тоа, а општеството ќе сфати до каде стигнало“, заклучи Пленковиќ.

Слични содржини