Во Украина се војува и за суровини – најважни титаниум и литиум

од Vladimir Zorba
456 прегледи

Војната во Украина е и битка за суровини.

На територијата на Украина има големи резерви на железо, титаниум и литиум, од кои некои сега се контролирани од Русија.

Имено, германската Федерална агенција за надворешна трговија (GTAI) на 16 јануари на својата веб-страница објави извештај со наслов „Богатството на Украина со суровини во опасност“.

Во прашање се милијарди. Според извештајот на GTAI, резервите „вредни 12,4 трилиони долари“ остануваат под контрола на украинските сили, „вклучувајќи 41 рудник за јаглен, 27 наоѓалишта на гас, 9 нафтени полиња и 6 наоѓалишта на железна руда“. Украина има и „ретки елементи“, особено литиум, кој понекогаш се нарекува „бело злато“ на транзицијата кон нови технологии во енергетиката и транспортот. Таа земја сочинува околу една третина од откриените резерви на литиум во Европа.

Само тотално неуките би помислиле дека тоа е неважно при планирањето на целите на НАТО, пишува wsws.org. Имено, тоа би била првата голема војна во последните 100 години која не се води за суровини, пазари и геостратешки интереси. А сепак, тие не се спомнати во воената пропаганда на двете завојувани држави.

Според индустрискиот магазин Mining World, Украина има вкупно околу 20.000 наоѓалишта на суровини, од кои само 7.800 се истражени.

Извештајот на GTAI цитира претходни проценки дека европските челичарници користеле речиси една петтина од железото од Украина во 2021 година, додавајќи дека земјата е меѓу првите десет производители на железо, манган, циркониум и графит и меѓу светските лидери кога станува збор за титаниум и каолинит.

Како што е наведено во текстот, додека литиумот е неопходен за електромобилност, титаниумот и е многу потребен на воената машинерија на Западот, бидејќи се користи во многу системи произведени од одбранбената индустрија.

Слични содржини