Украина за контраофанзивата: Седум населби ослободени од руската окупација

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар изјави дека украинските сили постигнале дополнителен напредок во контраофанзивата.

Досега, според неа, вкупно седум населени места се ослободени од руската окупација.

Маљар на Телеграм напиша дека се ослободени уште три населби – Лобково, Левадна и Новодаривка во југоисточниот регион Запорожје, пренесе „Ројтерс“.

Украина претходно објави дека нејзините сили го зазеле четвртото село Сторожево, а во неделата објави дека се ослободени три села – Благодатне, Нескучне и Макаривка, кои се наоѓаат на границата на регионите Доњецк и Запорожје.

Слични содржини