Притвор за скопјанец кој опустошил шума и нанел штета од 70.000 денари

од Nikola Popovski
192 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторилo кривично дело – Кражба од член 235 став 3, но и кривично дело – Пустошење на шуми од член 226 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишен скопјанец, во периодот од 01.12.2020 до 18.05.2023 година, од парцела во селото Елово украл огревни дрва, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 30.000 денари. На 11.06.2023 година, пак, на земјиште во сопственост на ЈП „Национални шуми“ – подружница ШС„Караџица“, лоцирано во атарот на селото, тој опустошил шума и нанел материјална штета од 70.000 денари.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор против осомниченото лице.

Слични содржини